Руската војска се распоредува на границите на Јужна Осетија и Абхазија

Руската војска започнува со заземање позиции на границите на отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија, јави агенцијата Интерфакс. Распоредувањето на силите е дел од договорот што изминатава недела го потпиша рускиот претседател Дмитриј Медведев со лидерите на двата сепаратистички региони, според кој Москва формално ја презема контролата за одбрана на нивните граници од Грузија.