Потпретседателот на САД Бајден на турнеја по Балканот

Белата куќа денеска соопшти дека американскиот потпретседател Џозеф Бајден ќе го посети Балканот во средината на овој месец. Балканската турнеја на Бајден ќе започне на осумнаесетти мај и во неа ќе бидат вклучени Босна и Херцеговина, Србија и Косово.
За време на посетата, Бајден ќе се сретне со локалните политички лидери, како и со американски воени команданти и војници, распоредени во регионот.