Во Светот големи протести по повод 1 Мај

Меѓународниот ден на трудот - 1 мај во повеќе европски држави денеска традиционално се одбележува со масовни протести во организација на синдикатите. Судири има во Истамбул како и во Берлин и Хамбург од каде се јавува за голем број повредени полицајци и уапсени демонстранти. Во Франција за денеска попладне се најавени повеќе од 280 демонстрации и маршови, како и во Мадрид и други европски градови. Протести има и во Грција каде се одржува и штрај на јавниот превоз. Во Иран се уапсени 5 мина активисти на Синдикатите.