Македонија се оддалечува од НАТО?

Претседателите на Албанија, Хрватска и САД при пристапувањето во НАТО

Одлуката да се намалат ставките од буџетот кои се однесуваат на одбраната, може да ја одалечат Македонија на нејзинот пат кон НАТО, констатираат експертите. Со одлуката на Владата, со која воената ставка се намалува за 17 проценти од прво предвидените пари, одбраната ќе остане покуса за повеќе од 23 милиони евра. Министерот за одбрана Зоран Коњановски, неодамна рече дека ребалансот на буџетот нема да влијае врз плановите на министерството. Објасни дека нема да има пречки во остварувањето на мисиите и декларираните
Ја чекаме расправата за ребалансот, таму пропорциите покажуваат дека повторно одбраната ќе биде најголемата жртва после секој ребаланс. Имајќи предвид дека НАТО и ЕУ се најбитните приоритети за развој и иднина на Македонија, ова е доста лош сигнал
обврски. Но за поранешниот министер за одбрана, Лазар Еленовски кастрењето на воениот буџет завзема загрижувачки размери. Тој вели дека намалувањето од 17 проценти, ќе ги загрози не само стратешките проекти туку и виталните функции на армијата.

,,Ја чекаме расправата за ребалансот, таму пропорциите покажуваат дека повторно одбраната ќе биде најголемата жртва после секој ребаланс. Имајќи предвид дека НАТО и ЕУ се најбитните приоритети за развој и иднина на Македонија, ова е доста лош сигнал,"

вели Еленовски и додава дека загрижува и фактот што кратењето на воениот буџет станува тренд. Ова е четврто кратење за две години.

Според министерството за финансии, предвидено е да се кратат платите, патните трошоци и службените патувања. Ќе се штеди и на набавка на возила и канцелариски матријал. А капиталните проекти во одбраната и Армијата ќе бидат забавени. Од АРМ велат дека тие имаат список на желби, но за тоа што ќе добијат одлучува министерството за одбрана. Тие велат дека е потребна модернизација на опремата, и се надеваат дека министерството ќе води сметка за вистинските потреби.
За професот Назми Малиќи, намалувањето на воениот буџет може да го доведе до прашање мотивот на Владата, да се приближи Македонија кон НАТО.

,,Мислам дека во секој поглед треба стриктно да се запазат сите можности Македонија да не се оддалечи од добивање на поканата во НАТО. Да не следи дополнителен проблем, освен оној со името, и финансискиот дел."

Со ребалансот на буџетот, се намали и процентот од бруто домашниот производ, кој задолжително треба да се издвојува за одбраната. Од претходните 2,3 проценти , сега е предвидено да се издвојуваат 2.