Молотови коктели врз возила на ЕУЛЕКС во Митровица


Непознати лица синоќа фрлиле молотови коктели врз две возила на специјалните единици на ЕУЛЕКС во близина на мостот на Ибар во северниот дел на Митровица. Во инцидентот, како што изјави командантот на Косовската полициска служба Милија Милошевиќ, немало повредени и оти се трага по напаѓачите.