Пентагон бара итни пари за војните во Авганистан и Ирак

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс побара од Конресот итно да го одобри финансирањето на војните во Ирак и Авганистан, како и воената помош за Пакистан во борбите против талибанските милитанти. Станува збор за над осумдесет и три милијарди долари, кои, според Гејтс, треба да бидат одобрени не подоцна од дваесет и петти мај, за да можат тие операции да се одвиваат непречено.