СЗО не предвидува покачување на степенот на тревога поради вирусот

Светската здравствена организација соопшти дека според најновите податоци во светот има 236 ново-потврдени случаи од вирусот на свински грип, од кои најмногу во Мексико, каде што всушност и се појави вирусот. Во меѓувреме здравствените власти во Соединетите Држави информираа дека бројот на заболени од свинскиот грип во земјата достигнал 109 лица. Во Европа, со 13 потврдени случаи најпогодена е Шпанија. Светската здравствена организација соопшти дека иако ситуацијата се менува рапидно, засега не е предвидено зголемување на степенот на тревога, кој од вчера е на петтиот степен, што е за само едно ниво пред прогласување на пандемија.