НАТО наредил протерување на двајца руски дипломати

Дипломат на НАТО соопшти дека Алијансата наредила протерување на двајца руски дипломати од Брисел, како одговор на скандалот со шпионирање во кој беше инволвиран преставник од Естонија. Протерувањето доаѓа откако судот во Естонија во февруари, го осуди естонскиот претставник Херман Сим за издавање на НАТО тајни на Русија. Министерството за надворешни работи на Русија го оцени овој чекор на Алијансата како ,,провокација“.