Во етнички насилства во Карачи загинале 34 лица

Во етничките насилства кои беснеат во градот Карачи, на југот од Пакистан загинале 34 лица. Во овој град чести се насилствата, предизвикани од етнички тензии меѓу населението. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари ги осуди насилствата и повика на единство, соопштувајќи дека Пакистан неможе да си дозволи и немири во Карачи, во момент кога безбедносните сили водат битка со талибанските милитанти на северот од земјата.