Русија ќе ги чува границите на Абхазија и Јужна Осетија

Русија потпишала договори со отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија, според кои Москва и формално ја превзема одговорноста за одбрана на нивните граници од Грузија. На денешната церемонија во Кремљ, договорите ги потпишал претседателот на Русија Дмитриј Медведев со лидерите на Абхазија и на Јужна Осетија.