Обама вети економско заздравување

Американскиот претседател Барак Обама, по повод првите 100 дена откако е на функцијата, вети дека ќе вложи максимални напори да ги врати Соединетите Држави на патот на економски просперитет и ќе се бори против безбедносните закани и ширењето на нуклеарно оружје. На прес конференцијата во Вашингтон, која беше директно пренесувана на телевизија, изрази убеденост дека пакистанскиот нуклеарен арсенал ќе остане безбеден, но додаде дека е загрижен од фрагилноста на пакистанската цивилна влада.