Делегација на НАТО престојува во Македонија

Тим на НАТО предводен од Роберт Симонс, заменик- помошник на генералниот секретар на алијансата, ја продолжува официјалната посета на Македонија. Симонс денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи Антонио Милошовски и со претседателот на собранието Трајко Вељановски.