Усвоен предлогот на Обама за спроведување здравствени реформи

Сенатот на САД го усвои предлог буџетот на претседателот Барак Обама предвиден за спроведување на здравствени реформи во втората половина на годинава. Сепак, ниту еден пратеник на републиканците не го поддржа овој предлог буџет, кој во Претставничкиот дом беше изгласан со 233 гласа „за“ и 193 гласа „против“.