Лани 70 професори убиени во бунтовничките насилства во Авганистан

70 професори, студенти и образовни работници биле убиени во бунтовнички и криминални напади во Авганистан изминатата година, соопшти авганистанското министерство за образование. Портпаролот на министерството Асиф Нанг информираше и дека насилствата влијаеле околу 240 илјади ученици да не посетуваат училишна настава, претежно во немирниот југо-источен дел од земјата. Сепак како што е соопштено во Авганистан во моментов се едуцираат седум милиони деца во 12 600-тини училишта ширум земјата, за разлика од пред шест години кога во оваа земја се образувале само еден милион ученици.