Расте бројот на заразени од свински грип во светот

Во Мексико е зголемена бројката на луѓе за кои се сомнева дека се заразени од свински грип. Досега се регистрирани 159 случаи, но само за неколкумина од нив со сигурност се знае дека се заразени од вирусот. Властите во Мексико донесоа наредба за затворање на училиштата, кината, рестораните и црквите, со што би се спречило ширење на грипот. Освен во Мексико, заразени има и во Канада, Нов Зеланд, Британија, Шпанија, Израел, Костарика и 1 случај во Грција.