Лидерите на европската десница во Полска

Полска ќе биде домаќин на дводневниот собир на лидерите на десно ориентираните европски партии. Со тоа се означува почетокот на кампањата за избор на пратеници за Европскиот парламент. Се очекува на собирот да учествуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Силвио Берлускони и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.