Албанско барање за членство во Европската унија

Албанија се очекува денеска да поднесе официјално барање за членство во Европската унија, пишуваат албанските весници, наведувајќи дека премиерот Сали Бериша потпишал писмо, кое ќе ги испрател до чешкиот премиер Мирек Тополанек, чија земја е актуелен претседавач на Европската унија. На синоќешната специјална седница на Министерскиот совет Бериша изјавил дека станува збор за историска одлука, која била донесена во координација со Чешка и со другите членки на Унијата.