Во Македонија престојува известувачот на ОН за слобода на религијата

Известувачот на ОН за слобода на религијата и убедувањето Асма Џахангир, која е во во тридневна посета на Македонија, ќе се сретне со Претседателот на Собранието Трајко Вељановски, а во рамките на престојот ќе има средби и со претставници на Владата, на верските заедници и на граѓанскиот сектор. Специјалниот известител вчера се сретна со Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, со кого размениле мислења за улогата на религијата во унапредувањето на толеранцијата.