Собранието на РМ ќе расправа за безбедноста на сообраќајот

Собранието на Македонија ќе ја продолжи 52. седница. На дневен ред е расправата по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Пратениците во рамките на 52 та седница, вчера едногласно ја констатираа потребата од донесување на Предлог законот за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права. Со овој закон се уредува постапката за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.