Парламентарното собрание на СЕ за исполнувањето на обврските на Србија

Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска ќе ги разгледа извештајот и нацрт резолуцијата за исполнувањето на обврските на Србија кои произлегуваат од членството во Советот на Европа. Парламентот денеска ќе расправа и за извештајот за положбата на активистите за човекови права во членките на Советот на Европа.