Лукашенко на средби со италијанските власти и Папата

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко кој престојува во посета на Италија, во Ватикан оствари средба во Папата Бенедикт 16-ти, на кого му упатил покана да ја посети Белорусија. Лукашенко исто така се среќава и со италијанскиот премиер Силвио Берлускони и министерот за надворешни работи Франко Фратини. На посетата се гледа како на прекин на дипломатската изолација на Белорусија поради недемократскиот режим во Минск.