Британскиот премиер Гордон Браун во ненајавена посета на Авганистан

Британскиот премиер Гордон Браун допатува во ненајавена посета на Авганистан. По средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Браун изјави дека нова стратегија е неопходна во борбата против екстремизмот. Тој додаде дека новата стратегија ќе овозможи ,,различно, но сепак комплементарно“ делување на Авганистан и Пакистан против бунтовниците. Британскиот премиер по посетата на Кабул ќе отпатува за Пакистан.