ЕУЛЕКС употреби солзавец при протестите на косовски Срби

Полицијата на ЕУЛЕКС денеска употреби солзавец и гумени куршуми за смирување на нередите и за да ги растера србите кои протестираат против враќањето на албански бегалци во северниот дел од Косово. Полицијата на ЕУЛЕКС соопшти дека никој не е повреден. Стотици косовски срби изминативе денови оддржуваат протести против обновата на неколку ќуки на албанци во северниот дел на Косовска Митровица.