Несогласувања меѓу ЕУ и Русија

Чешкиот шеф на дипломатијата Карел Шварценберг, како претседавач со Европската Унија, оцени дека обвинувањата од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Унијата сака да го шири своето влијание во регонот на поранешниот Советски Сојуз, се безсмислени. И други европски дипломати изјавија дека обвинувањата на Лавров не се точни. Европската Унија промовираше така-наречено Источно Партнерство со Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина, во замена за демократски и економски реформи.