Албанија утре ќе поднесе кандидатура за членство во ЕУ

Албанскиот премиер Сали Бериша најави дека Тирана на 28-ми април во Прага и официјално ќе ја поднесе својата кандидатура за членство во Европската Унија. Во Албанија на 28-ми јуни се одржуваат парламентарни избори, кои според ЕУ, се решавачки за нејзината натамошна интеграција.