Taмилските тигри објавија едностран прекин на огнот

Бунтовничките Тамилски Тигри во Шри Ланка прогласија едностран прекин на огнот, додека земјата се соочува со досега невидена хуманитарна криза. Според бунтовниците хуманитарната криза може да биде надмината само со прекин на огнот, за да им се помогне на цивилите, но владата го отфрли повикот соопштувајќи дека бунтовниците мора да се нпредадат или во спротивно ќе бидат уништени. Обединетите Нации соопштија дека повеќе од 160 илјади цивили ја напуштиле воената зона, но уште 50 илјади лица останале во областа. Агенциите јавуваат дека во судирите настрадале и голем број цивили.