Во рускиот град Сочи денеска избори за градоначалник

Граѓаните на Сочи, рускиот град на брегот на Црното Море, денеска бираат градоначалник додека опозицијата обвинува за нерегуларности во текот на изборната кампања. На изборите за градоначалник на Сочи, градот домаќин на Зимските олипски игри во 2014-та година, учествуваат шест каднидати, а најголем фаворит е актуелниот градоначалник Анатолиј Пахомов од провладината партија Единствена Русија. Опозицијата обвинува за притисоци врз државната администрација и медиумска доминација на Пахомов. На изборите се гледа како на тест за рускиот претседател Дмитриј Медведев кој во своите настапи се заложуваше за одржување на ,,транспарентни избори.“