Ставревски и Славески ги преставија анти-кризните мерки пред ММФ

Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за финансии Трајко Славески пред Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон го преставиле ребалансот на Буџетот и најновиот пакет мерки на владата за справување со економската криза. Генерална оценка на ММФ е дека и Македонија се соочува со предизвиците од економската криза, но оти земјата во споредба со други држави, има нешто помали проблеми и е поотпорна, изјавил по средбите Ставревски, а пренесува МИА. Двајцата министри повторно нагласија дека Македонија засега нема потреба од аранжман со ММФ, но оти на средбите била искажана отвореност за соработка. Тие учествуваат на Пролетното заседание на ММФ и Светската Банка во Вашингтон.