Повеќе лица загинаа во насилства во северозападен Пакистан

Четири деца и нивните родители загинале при експлозија на рачна граната во северозападен Пакистан. Како што јавуваат агенциите, гранатата експлодирала во автомобилот во кој се наоѓал брачниот пар и нивните осум деца. Сеуште не е јасно како дошло до експлозијата. Ден претходно во областа Лоуер Дир исто така во северозападните делови на Пакистан, загинале 12 деца при експлозија на бомба скриена во фудбалска топка со која си играле. Северозападен Пакистан, на границата со Авганистан, е упориште на талибанските милитанти.