НАТО ја отфрла одговорноста за смртта на цивили во екс Југославија

НАТО денеска го отфрли барањето од Амнести Интернешнл да ја прифати одговорноста за цивилните жртви предизвикани од бомбардирањето врз државната телевизија во Белград пред 10 години. Портпаролот на НАТО, Кармен Ромеро изјави дека меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија веќе заклучил дека Алијансата нема за што да одговара.