Бајден го поздрави турско - ерменскиот договор


Американскиот пот-претседател Џо Бајден, во телефонскиот разговор со ерменскиот претседател Серж Саркасјан, го поздравил турско – ерменскиот договор за нормализирање на односите меѓу двете земји. Инаку, во Ерменија денеска се одржуваат комеморации по повод 94-годишнината од почетокот на масовните убиства на ерменците од страна на отоманските турци за време на Првата Светска Војна. Ерменците тврдат дека околу милион ипол нивни луѓе биле убиени во геноцидот, додека Турција ја демантира таквата бројка, како и тврдењето дека станувало збор за планиран геноцид.