Од 2003-та досега над 110 илјади загинати во Ирак

Ирачката Влада соопшти дека од 2005-та година досега, во разните инциденти во земјата, загинале над 87 илјади луѓе. Во оваа бројка не се вклучени загинатите од индиректни фактори, како од оштетена инфраструктура, лоша здравствена заштита или стрес. Според Асошиетед Прес, од американската инвазија врз Ирак во 2003-та година, досега, во насилствата загинале над 110 илјади ирачани.