Нов пакет мерки на Владата за излез од кризата

Македонската Влада донесе трет пакет мерки за справување со кризата. Поради реакциите во јавноста и невладиниот сектор, Владата реши да продолжи задолжителната ХПВ вакцинација и во 2009-та година. Парите за оваа програма ќе се обезбедат преку заштеди од други ставки во Буџетот, се вели во соопштението од Владата. Со мерките се предвидува кредитна поддршка на претпријатијата и олеснување на извозот. Меѓу другото, Владата реши да го намали лимитот за користење службени мобилни телефони во државната администрација за 30 насто.