Нема да има истрага во врска со бомбардирањето на зградата на РТС

НАТО го отфрли повикот на Амнести Интернејшнел да се спроведе истрага за воени злосторства во врска со бомбардирањето на зградата на Радио-телевизија Србија во април 1999-та година и оцени дека тој случај е затворен. Меѓународната организација која се занимава со заштита на човековите права, Амнести Интернејшнел, но и новинарските здруженија и семејствата на загинатите, вчера го повикаа НАТО да спроведе независна истрага, да преземе целосна одговорност и да ги обештети жртвите и нивните семејства. Во бомбардирањето на зградата на телевизијата пред 11 години загинаа 16 вработени во РТС.