Барање истрага за НАТО бомбардирањето врз РТС

Организацијата за човекови права Амнести Интерншнал денеска го повика НАТО да обезбеди истрага за бомбардирањето на Српската државна телевизија од страна на Алијансата во 1999-та година. Истрага за настанот денеска побара и Организацијата на медиуми од Југоисточна Европа (СЕЕМО). 16 медиумски работници, загинаа при нападот на зградата на РТС за време на 11 неделните НАТО бомбардирања врз Србија.