Обама го честиташе изборот за претседател на Ѓорѓе Иванов

Американскиот претседател Барак Обама испрати писмо во кое го честита изборот на Ѓорге Иванов за претседател на Македонија. Со големо задоволство ја очекувам нашата заедничка соработка за влез на Македонија во НАТО и продолжување на патот кон европската интеграција, наведува Обама во писмото. Вашата нација веќе на дело ја покажа искрената посветеност и придонес кон нашата заедничка безбедност и Соединетите Американски Држави се особено благодарни за поддршката во Ирак и Авганистан, стои во писмото од американскиот претседател Барак Обама.