УНМИК на Косово во поинаква форма

Шефот на УНМИК Ламберто Заниер изјави дека планот од шест точки на Бан Ки-мун се применува, и додаде дека УНМИК ќе остане на Косово во сосема поинаква форма од досегашната, пишува денеска приштинскиот печат. Заниер вчера се сретна со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и му пренесе дека со реконфигурација на УНМИК се создава мисија која ќе биде далеку поинаква од досегашната, не само по структурата, туку и по функционирањето, со фокус врз политичко известување.