Бејрут - литературен центар на УНЕСКО

Главниот град на Либан, Бејрут од денеска ја доби титулата Светски главен град на книгата 2009 симболичен литературен центар на УНЕСКО. Организацијата на УНЕСКО го одбра Бејрут за оваа година поради фокусот врз културната различност, дијалогот и толеранцијата. Во Бејрут треба да бидат одржани серија светски литеартурни настани и промоции на книги од арапскиот свет.