Албанија стана извозник на струја

Албанската електроенергетска корпорација КЕШ од почетокот на годинава од извоз на електрична енергија заработи 13 милиони евра, соопшти генералниот директор на компанијата Ѓерѓи Бојаџи.
Според него, како што јави МИА, извозот на електрична енергија за Грција и за Косовои натаму продолжува.Ваквиот извоз на струја е овозможен од мошне поволната хидролошка состојба на сливното подрачје на реката Црн Дрим каде се наоѓа хидроцентралата „Фиерза“, најголема во Албанија и втора по големина на Балканот по онаа на реката Дунав во Србија, кое услови земјата од голем увозник да ја претвори во извозник на струја.