Пратеници од Чешка и од Италија во посета на Македонија

Членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Чешка, како и на комисијата за политики на Европската Унија при Сенатот на Италија се во посета на Македонија. Нивните претставници денеска ќе се сретнат со претседателката на Комисијата за надворешна политика Теута Арифи и со претседателот на Комисијата за европски прашања Петар Поп-Арсов.