Дебата за западниот Балкан во Европскиот парламент

Во Стразбур денеска ќе се одржи пленарно заседание на Европскиот парламент. Евро комесарот за проширување Оли Рен ќе учествува во дебатата за западниот Балкан. Инаку, вчера во Брисел по средбата со министерот за надворешни работи на РМ Антонио Милошоски, Рен изјави дека Македонија има шанси да добие препорака за укинување на визите. Според него, за добивање датум за преговори потребни се дополнителни напори во реформите во администрацијата, судството и борбата против корупцијата.