По зајакнувањето на мандатот на Владата, Рен бара компромис за името

Македонија има реални шанси до крајот на годинава да добие датум за почеток на преговори, како и визна либерализација, изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен на прес-конференцијата по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во Брисел, јавува агенцијата МИА. Рен изрази задоволство од успешно спроведените избори, и посочи дека долгоочекуваниот компромис за името со Грција треба да се направи годинава, особено по, како што рече, зајакнувањето на политичкиот мандат на Владата по изборите. Тој исто така побара натамошно спроведување на реформите, особено во борбата против корупцијата, јавната администрација и правосудството.