За САД спречувањето на Иран да се стекне со нуклеарно оружје е императив

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека спречувањето, Иран да се стекне со нуклеарно оружје е императив за Соединетите држави. Таа додаде и дека можно зголемување на санкциите доколку преговорите во врска со иранската нуклеарна програма бидат неуспешни. Според наше очекување можен е сеопфатен режим на санкции, во случај да се покаже таква потреба, рече Клинтон.