Следниот месец средба Обама-Абас

Палестински претставници соопштија дека следниот месец ќе биде оддржана средба меѓу американскиот и палестинскиот претседател Барак Обама и Махмуд Абас. Палестинскиот преговарач Саеб Ерекат изјави дека состанокот ќе се оддржи на 28-ми мај во Вашингтон. Претходно, американскиот претседател ги покани лидерите на Израел, Египет и на палестинците на одвоени разговори во Белата Куќа за мировниот процес на Блискиот Исток.