Дискриминација врз малцинствата во ЕУ, покажува најновото истражување

55 отсто од етничките малцинства и имигранти во Европската Унија веруваат дека постои дискриминација во местата каде што живеат, и дека посебно подложни на дискриминација се ромите и африканските малцинства, покажува најновата студија на Агенцијата за човекови права на ЕУ. Истражувањето спроведено меѓу малцинствата и имигрантите во 27-те земји членки на Унијата, покажало дека тие се соочиле со одреден вид дискриминација посебно при барањето работа или при обидот за добивање банкарски кредити.