Обама и натаму за подобрување на односите со Иран

Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе ја продолжи цврстата директна дипломатија со Иран и покрај најновате критики против Израел што ги изрече претседателот Махмуд Ахмадинеџад. По разговорите во Вашингтон со јорданскиот крал Абдула, претседателот Обама изјави дека и покрај тоа што говорот на Ахмадинеџад во Женева не помага во подобрувањето на односите, останува решен во постигнувањето на таа цел.