Во Брисел средба Милошоски - Рен

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел, каде што ќе се сретне со комесарот за проширување Оли Рен. На средбата ќе се разговара за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, за напредокот во спроведувањето на клучните приоритети од Пристапното Партнерство и перспективите за започнување нова фаза во односите со Унијата со отворање на пристапните преговори. Милошоски и Рен ќе разговараат и за можноста за укинување на визниот режим на Европската Унија кон Македонија, соопшти министерството за надворешни работи.