Владата го крати буџетот, усвоен ребалансот

Македонската Влада на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот кој ќе се намали за околу девет проценти од актуелниот и донесе пакет мерки за ублажување на последиците од светската економска криза врз македонската економија. Премиерот Никола Груевски изјави дека всушност намалувањето на Буџетот за 9% е еден од трите сегменти од вториот пакет од 70 анти-кризни мерки. Согласно ребалансираниот Буџетот, владата ќе пролонгира повеќе планирани проекти, како купување амбасади, автобуси, изградбата на стадионот во Скопје и други. Останатите анти-кризни мерки, како што соопштија од владата ќе вклучуваат кредитна и друг вид поддршка за претпријатијата. Груевски нагласи дека засега не е предвидено склучување аранжман со ММФ за владините мерки.