Македонските војници во Авганистан ќе добијат поголеми плати

Македонската официјална делегација, денеска го завршува дво-дневниот престој во Авганистан. Денеска министерот за одбрана Зоран Коњановски, министерката за внатрешни работи Гордна Јанкуловска и началникот на генералштабот Мирослав Стојановски, како и другите членови на делегацијата, имаа средба со македонските војници кои учествуваат во мировната мисија во Авганистан. Коњановски најавил дека наскоро македонските војници ќе добијат нови униформи, како и зголемување на нивните примања, јави МИА од Кабул.