Преговори ЕУ - Турција во Прага

Претставници на Европската Унија и на Турција денеска во Прага разговараат за турските аспирации за членство во Европската Унија. Чешкиот шеф на дипломатијата Карел Шварценберг и евро-комесарот за проширување Оли Рен ќе се состанат со турскиот министер за надворешни работи Али Бабачан.